а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

од

мн. одови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4978
1. Движење со чекорење, одење.
Англиски: walk Албански: ecje
Примери:
Тие го забрзаа одот.
Таа се нишаше при одот.
Наслушна тешки одови по снегот.
2. Начин на одење, на чекорење.
Англиски: walk Албански: ecje
Примери:
несигурен од
цврст од
лесен од
3. Работа, движење на нешто неживо (машина, механизам).
Англиски: running Албански: lëvizje
Примери:
Го следеше одот на машините.
Одот на иглата е неправилен.
Гледаше во одот на стрелките на часовникот.
4. Пат, растојание (како мерка за далечина).
Англиски: walk Албански: ecje
Примери:
Одовде до селото има два часа од.
5. тек, развој
Англиски: course Албански: zhvillim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој настан влијаел врз одот на востанието.
Ништо не може да го запре одот на времето.
6. одзив
Англиски: echo Албански: eho