а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ограничи

ограничат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5932
1. Определи нешто во просторот, постави граници.
Англиски: demarcate Албански: kufizoj, përkufizoj
Примери:
Надлежниот сектор го ограничи земјиштето предвидено за изградба на станови.
2. Определи нешто во квантитет, не дозволи да се прошири.
Англиски: isolate Албански: kufizoj
Примери:
Фирмата ги ограничи материјалните средства.
Здравствените служби ја ограничија заразата.
3. Стесна, намали нешто некому.
Англиски: restrict Албански: kufizoj
Примери:
Директорот на училиштето им ограничи некои права на учениците.
Поради непослушност, на неколку војници им ја ограничија слободата на движење.
4. (се ограничи) Си постави сам себеси некакви граници, го определи обемот на својата работа, на своето дејствување итн.
Англиски: limit Албански: limitoj
Примери:
Тој се ограничи во своето искажување само за сегашниот проблем.
Работниците се ограничија да работат само на пакување кутии.
Изведенки
1. ограничува несв.
(се) ограничуваат
2. ограничување ср.
мн. ограничувања
глаг. им.
Пример: надворешни ограничувања, нормативни ограничувања