а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обоен

обоениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 12316
1. Што е со боја, што не е бел, безбоен.
Англиски: coloured
Примери:
Обоена ограда.
Обоена хартија.
Обоени пијалаци.
2. Што содржи нешто посебно, специфично, карактеристично.
Англиски: colourful
Употреба: Преносно значење
Примери:
Битово обоен стил.
Емоционално обоена содржина.
Изрази
Обоена металургија - гранка од индустријата што се занимава со добивање на обоени метали.
Изведенки
обоеност ж.