а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ништо

Вид збор: Заменка
Ранг: 701
1. Ниеден предмет, ниедна појава, настан.
Англиски: nothing
Примери:
Ништо не се скрши.
Ништо не падна.
Ништо не купив.
Ништо не сака.
Во ништо не се меша.
До ништо не се допрел.
За ништо не мисли.
Од ништо не се плаши.
Со ништо не се фали.
2. Како одговор - не е важно, тоа е ситница.
Англиски: nothing
Примери:
Се скршил прозорецот! - Ништо, ќе го поправиме.
Многу благодарам! - Ништо.
Изрази
За ништо - без причина.
За ништо на светов - во никој случај, на никаков начин.
И никому ништо - како да не се случило ништо (за нешто што не требало да мине без соодветни последици.
Никој и ништо - безначајна, неважна личност, човек.
Ништо за тоа - за тоа не грижи се, не е важно.
Ништо од тоа - тоа, таа работа нема да успее.
Ништо не ми (ти, му итн.) е - се чувствувам добро, ништо не ме боли.
Како ништо - во секој случај, без сомневање, сигурно.
Од него ништо нема да биде - тој не влева надеж, нема да успее во животот, ќе пропадне.
Од ништо нешто - од малку средства добива голем резултат, од мал повод големи последици.
Не го бива за ништо - е неспособен.