а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нива

мн. ниви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1158
Определена земјишна површина што се обработува со орање, сеење, садење.
Англиски: farmland
Употреба: Земјоделство
Примери:
Нашата нива е помала од вашата.
Нивата ја посеале.
Нивите ги садат со тутун.
По нивјето паднала слана.
Изведенки
1. нивичка ж.
мн. нивички
дем.
2. нивче ср.
мн. нивчиња
дем.
3. нивиште ср.
мн. нивишта
1. аугм. 2. Место каде што имало некогаш нива.