а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нафрли

нафрлат; нафрлен; нафрлил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3937
1. Со фрлање натрупа нешто на едно место или фрли, расфрли во поголемо количество.
Англиски: drop Албански: hedh
Примери:
Да ги нафрламе дрвата, после ќе ги наредиме.
Ги пушти во двор гулабите и им нафрли храна.
2. Набележи или изложи нешто во општи црти.
Англиски: outline Албански: konturoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да ги нафрлиме поважните точки на извештајот, потоа ќе ги обработиме.
Во своето излагање нафрли само некои од причините за неуспехот.
3. (се нафрли) Нападне некого физички или со зборови, со закани и сл.
Англиски: attack Албански: sulmoj
Примери:
Двајцата се нафрлија на него и му ги врзаа рацете.
Се нафрлил на обвинетиот со секакви клевети.
Му се нафрли со навреди и пцости.
4. (се нафрли) Се втурне некаде, изврши напад, грабеж и сл.
Англиски: attack Албански: sulmoj
Примери:
Војниците се нафрлија на селото од сите страни.
Толпата се нафрли да ги ограбува дуќаните.
5. (се нафрли) се напрати
Албански: pluhnoj
Употреба: Преносно значење