а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нарача

нарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3709
1. Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие.
Англиски: order Албански: porosis
Примери:
Господинот нарача да му донесат ручек.
Нарачал да му донесат неколку товари дрва.
Нарачал прстен за невестата.
Овие пари ми дојдоа како нарачани.
2. Прати порака по некого, порача, јави нешто.
Англиски: tell Албански: porosis, thëras
Примери:
Учителот нарачал да се соберат сите селани во училиштето.
3. Претскаже судбина.
Англиски: forecast Албански: paraljamëroj, parashikoj
Употреба: Архаизам
Примери:
Како што нарачале наречниците така ќе биде.
Изрази
Дојде како нарачан - за нешто што ќе се случи кога е најпотребно.
Изведенки
1. нарачува несв.
нарачуваат
2. нарачување ср.
глаг. им.