а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мрак

(едн.) мракот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 549
1. Отсуство на светлина.
Англиски: darkness Албански: errësirë
Примери:
Ноќен мрак.
Паѓа мрак.
По некое време се навикнав на мракот.
Светкавицата го расцепи мракот.
Очите му блеснаа во мракот.
2. Времето на смалена видливост откако ќе зајде сонцето, на преминот од ден во ноќ.
Англиски: dusk Албански: muzg
Примери:
Треба да се врати пред мракот.
Беше мракот кога го виде селото.
Околу мракот си дојдоа жените од нива.
Наближи мрак.
3. Непросветеност, незнаење, заостанатост поради тежок и ропски живот.
Англиски: darkness Албански: errësirë, terr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оковите на мракот им натежнале.
Светот го покрива суров мрак.
Се отима од мракот на анонимноста.
Беше ослободен од густиот мрак на незнаењето.
Изрази
Му паѓа мрак на очи - во афект губи контрола врз себе.
Од утро до мрак - цел ден, постојано.