а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

морал

(едн.) моралот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5056
1. Систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество.
Англиски: moral Албански: moral
Употреба: Филозофија
Примери:
Во речиси секој аспект од нашиот живот - моралот, однесувањето, сексуалноста, семејната структура, кариерата и религиозните верувања - ние сме слободни да правиме што сакаме.
Семејството секогаш било и е основната клетка на општеството, а моралот е мембраната на секоја таква клетка.
патријархален морал
2. Свест на човекот за должностите и волја, готовност за примање и извршување задачи.
Англиски: morale, motivation Албански: moral, motivacion
Примери:
Тие се обидувале да го одржат моралот на колегите кои биле на крај со нервите.
Приврзаниците само се обидуваат да го подигнат моралот на своите сопартијци.