а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

млад

млади
Вид збор: Придавка
Ранг: 228
1. Што е роден неодамна, што е на помала возраст.
Англиски: young Албански: i ri
Примери:
млад човек
2. За зеленчук - што не е потполно созреан.
Англиски: fresh Албански: i freskët
Примери:
млад грашок
млада боранија
млад лук
3. Што не е ферментиран.
Употреба: Гастрономија
Примери:
младо сирење
младо вино
4. Што настанал во скоро време, неодамна.
Англиски: new
Примери:
млада држава
Изрази
Млад и зелен – сѐ уште не е психички зрел.
Младо дрво се витка - децата се воспитуваат додека се мали.
Младо дрво се пресадува - млад може да се навикне на нова средина, стар многу тешко или никако.
И старо и младо - cите со ред.