а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

меѓу

Вид збор: Предлог
Ранг: 227
1. Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл.
Англиски: between
Примери:
Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка.
2. Заемни односи што засегаат две или повеќе лица, предмети, поими.
Англиски: between
Примери:
Секогаш меѓу нив имало доверба и почит.
3. Временска определба што разделува два момента.
Англиски: between
Примери:
Кај нас и желките постат за вода меѓу двете Богородици.
4. Бројна граница од - до за приближна бројност.
Англиски: between
Примери:
Ќе да има меѓу 25 и 30 години.
5. Вклученост, положба на нешто во еднородна средина од лица, предмети и појави.
Англиски: between
Примери:
Меѓу великаните на македонскиот спорт се најде и еден ракометар.
Тој беше меѓу најбогатите во градот.
6. споредба
Англиски: between
Примери:
Се забележуваат суштински разлики меѓу вчерашниот и денешниот однос на директорот кон соработниците.
7. Изделување од множество.
Англиски: between
Примери:
И меѓу најдобро платените имаше незадоволни.
Изрази
Меѓу другото - наспоредно, заедно со останатото. Покрај сето.
Меѓу нас кажано - за нешто што не треба да се дознае од друг, што не треба да се шири.
Меѓу чеканот и наковалната - во незавидна положба.
Меѓу четири ѕида - повлечено, изолирано живеење во домот.