а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мачка

мачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8311
1. Покрива нешто со тенок слој течност или каша.
Англиски: spread Албански: mbulon
Примери:
Мачка путер на лебот.
2. Нанесува нешто на лицето или на кожата со триење, масирање.
Англиски: rub Албански: fërkon
Примери:
Жената го мачкаше лицето со крем.
Мајката го мачкаше детето со ракија.
3. Нанесува нешто на некоја површина.
Англиски: smear Албански: ndot
Примери:
Молерите мачкаа по ѕидовите.
4. лаже, мами, измислува
Англиски: cheat Албански: gënjen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој сите ги мачкаше со неговите приказни.
5. (се мачка) Си нанесува на кожата.
Англиски: rub Албански: fërkon
Примери:
Cи го мачкаше телото со млеко за сончање.
Изрази
Мачка очи - залажува.
Изведенки
мачкање ср.
глаг. им.