а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лизга

(се) лизгаат; лизгал; лизган
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4078
1. Движи некого или нешто по мазна, рамна површина.
Англиски: slide Албански: rrëshqas
Примери:
Го лизга детето на санка.
2. (се лизга) Се движи со постојан допир по рамна површина.
Англиски: slip Албански: rrëshqet
Примери:
Држачите од завесата слободно се лизгаат по шината на корнизот.
Децата се лизгаа на ридот со санки.
Солзите му се лизгаа по лицето.
3. (се лизга) Се поместува, губи стабилност, рамнотежа, поради некаква причина.
Англиски: skid Албански: shket, rrëshqas
Примери:
Одејќи по замрзнатата патека нозете им се лизгаа де на едната де на другата страна.
Автомобилот змијулесто се лизгаше по стрмниот пат.
4. (се лизга) Се движи, се шири, се насочува кон нешто.
Англиски: glide Албански: rrëshqas, lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Погледот му се лизгаше по целото нејзино тело.
Возот полека се лизгаше кон следната своја станица.
Темнината се лизгаше по нивните тела.