а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кум

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2506
1. Сведок при венчавање или склучување граѓански брак.
Англиски: witness Албански: dëshmitar
Примери:
Кумот ни донесе голем подарок за нашата свадба.
2. Во христијанството, тој што го држи детето при крштевање, што му дава име на детето; што прв го потстрижува детето.
Англиски: godfather Албански: kumbar
Употреба: Црковен термин
Примери:
Кумот ми го крсти детето.
3. Носител на организирањето обредна или традиционална народна прослава.
Албански: kumbar
Употреба: Преносно значење
4. Лице што дало придонес во разрешување некаква ситуација.
Англиски: father Албански: baba
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Тој е кум на реформите.
5. При фамилијарно обраќање кон постар маж.
Албански: xha
Примери:
Кажи, куме!
6. Главен, шеф на мафијата.
Англиски: boss Албански: bos
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој е кум на мафијата.
Изрази
Каде дум, тој кум - секаде оди каде што има веселба, каде што ќе го викнат.
(посл.) Ќе ти дојде умот, ама ќе си појде кумот - ќе се опаметиш, ама доцна ќе биде.
Изведенки
кумовски прид.
кумовскиот
Пример: кумовско роднинство