а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

круг

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 639
1. Дел од рамнина ограничен со кружница.
Англиски: circle Албански: reth
Употреба: Математика
2. Место, пространство или предмет cо кружна форма.
Англиски: circle Албански: qark
Примери:
Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште.
Тој забележа бели кругови на кожата.
Не можам да го скршам овој железен круг.
3. затворен, ограничен простор
Англиски: area Албански: teritor
Примери:
Кругот на касарната беше полн со војници.
болнички круг
логорски круг
4. Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик.
Англиски: circle Албански: qark
Примери:
Кругот што го формираа децата почна да се стеснува.
5. Кружна линија или патека на некого или на нешто.
Англиски: round Албански: rreth
Примери:
Авионот направи неколку круга над градот.
Трчам во круг.
Коњот се движеше во кругови.
6. Затворен синџир, ред, низа на дејства или на настани кои сите заедно претставуваат целоcт.
Англиски: sequence Албански: rend
Употреба: Преносно значење
Примери:
Земјоделските работи се одвиваат во круг.
7. Подрачје, сфера, област на некоја дејност.
Англиски: area Албански: zonë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Излегува од кругот на книжевноста.
Во кругот на науката.
8. Група луѓе здружени со некакви врски или интереси.
Англиски: circle Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
семеен круг
круг на пријатели
интимен круг
9. Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина.
Англиски: circle Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
книжевни кругови
политички кругови
10. Место каде што се гаѓа.
Англиски: target Албански: nishan
Употреба: Спорт
Примери:
Погоди во центарот на кругот.
11. Број на погодоци во некои спортови, стрелечки и сл.
Албански: gol
Употреба: Спорт
Примери:
По второто гаѓање нашиот натпреварувач има 800 круга.
12. Bид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени.
Англиски: ring Албански: rreth
Употреба: Спорт
Примери:
Натпреварот во кругови само што не почнал.
Изрази
Се врти во (маѓепсан) круг - тапка во место; не наоѓа решение на нешто.
На лево круг (војн.) Војничка заповед.
Поларен круг - паралелници што ги разделуваат поларните од умерените зона; северен поларен круг и јужен поларен круг.
Изведенки
крукче ср.
мн. крукчиња
дем.