а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кош

мн. кошови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4546
1. Сад со различна форма и големина, сплетен од врбови или други гранки.
Англиски: basket Албански: kosh, drithnik, grunar
Примери:
Кошовите се полни со јачмен.
Носи плетен кош на рамо.
2. Во кошарката - обрач со мрежа без дно поставен на одредена висина во којшто се уфрла топката.
Англиски: basketball Албански: kosh
Употреба: Спорт
Примери:
Играчите ја фрлаа топката во кошот.
3. Погодок со топката во обрачот.
Англиски: basket Албански: kosh
Употреба: Спорт
Примери:
Даде кош од средина на игралиштето.
4. Врша за ловење риби.
Англиски: fish trap Албански: kosh për peshk
Примери:
Рибата влезе во кошот.
Го полнел рибарскиот кош со риби.
Изрази
Граден кош - горниот дел од трупот во кој се сместени белите дробови и срцето.
Стави во ист кош - стави нешто важно, вредно кон помалку важно, помалку вредни нешта; обезвредни.