а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кочи

кочат; кочел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13246
1. Забавува, подзапира, сопира движење на нешто со кочница.
Англиски: brake
Употреба: Разговорно
Примери:
Кочи со тракторот по долницата.
2. Сопира развој на нешто; задржува, спречува.
Англиски: inhibit
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Конфликтите ги кочат нормалните животни активности.
3. (се кочи) Станува вкочанет; се стврднува губејќи ја подвижноста.
Англиски: stiffen
Употреба: Разговорно
Примери:
Му се кочи погледот.
Страв ме кочи.
4. Се гали, се умилкува.
Англиски: pet
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Детето се кочи со баба си.
Изведенки
кочење ср.
глаг. им.