а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коприва

мн. коприви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7878
Тревесто растение со ресички по лисјата и стеблото што ја дразнат кожата при допир.
Латински: Urtica dioica Англиски: stinging nettle Албански: hith, hithër
Употреба: Ботаника
Примери:
Ја журкаат нозете од копривите.
Пита од коприви.
Изрази
(посл.) Гром во коприви не удира - голема работа не го погодува обичниот народ.