а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

комбајн

мн. комбајни
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 32601
Комбинирана земјоделска машина што може истовремено да врши повеќе операции, да жнее и да врши и сл.
Англиски: harvester
Употреба: Земјоделство
Примери:
Започна жетвата cо комбајни.
Комбајнот жнее и товара во приколката.
Седнал во комбајнот покрај возачот, но за кусо време побарал тој самиот да ја вози големата машина.