а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кола

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 790
1. Дрвено превозно средство на четири тркала, влечено од запрежен добиток.
Англиски: cart Албански: veturë, makinë
Примери:
Воловските коли чкрипеа на тесните патишта.
Кола cо два чифта коњи.
чергарска кола
запрежна кола
2. Моторно превозно средство cо четири тркала.
Англиски: car Албански: makinë, veturë
Употреба: Разговорно
Примери:
Си купи нова кола.
На летување ќе одат со кола.
спортска кола
3. шинско возило, вагон
Англиски: waggon Албански: vagon
Примери:
кола за спиење
кола за ручање
4. специјално воено возило
Англиски: car Албански: makinë ushtarake
Употреба: Воен термин
Примери:
борна кола
блиндирана кола
5. возило за специјални намени
Англиски: car Албански: makinë për shërbime speciale
Примери:
противпожарна кола
полициска кола
болничка кола
6. автобус
Англиски: bus Албански: autobus
Примери:
Од автобуската станица изутрина тргнаа само две коли.
7. Товар колку што собира една кола.
Англиски: load Албански: rabë
Примери:
Купи една кола сено.
8. (само едн.) штирак
Англиски: starch Албански: shtirak, niseshte
Употреба: Архаизам
9. (обично во едн.) Род од дрвјата кола, по потекло од тропска Западна Африка, со плод што содржи кофеин и други состојки.
Латински: соlа Албански: kola bimë
Употреба: Ботаника
10. Назив како замена за полниот назив на освежителните пијалаци.
Англиски: coke Албански: koka kolë
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
Кока-кола
Пепси-кола
Изрази
Мала Кола - соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за соѕвездието Мала Мечка.
Голема Кола - соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за соѕвездието Голема Мечка.
Колата му тргна низбрдо - почна да пропаѓа, не му одат работите најдобро.
Му ја подмачка колата - го подмити.