а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кога

Вид збор: Сврзник
Ранг: 473
1. Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица.
Англиски: when
Примери:
Кога дојде таа, тој веќе беше заминат.
Тој може да дојде кога ќе се стемни.
Тивка тага го обзема кога мисли на минатото.
Кога ќе заврши трката, сите ќе прославуваме.
2. Во условни зависносложени реченици, cо можен начин.
Англиски: when
Примери:
Кога би дошла, би ја видела оваа убавина.
Кога би сакал да работи, би сработил многу.
3. Во условни зависносложени реченици, со надвременско значење за да се изрази особен вид (исполнет) услов.
Англиски: when
Примери:
Кога нема избор, настапува случајноста.
Кога се нема среќа, работата не се одвива добро.
4. Во независносложени реченици кога во дел-речениците се одвиваат истовремени дејства, формално независносложени реченици.
Англиски: when
Примери:
Седи така замислен кога одеднаш забележува чудни сенки на ѕидот.
5. Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на време, заедно со „што“.
Примери:
Тој дојде тогаш кога што можеше да најде малку слободно време.