а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клас

мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2404
1. Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел.
Англиски: glean Албански: kalli
Употреба: Ботаника
Примери:
житен клас
Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови.
Жени и старци ги собираа класјето.
2. Кочан од пченка со зрната.
Англиски: cob Албански: kalli
Употреба: Ботаника
Примери:
Со недосронет клас пченка го затекна среде работа.
3. Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Образование
Примери:
Тој тргна во први клас гимназија.
Тој го повторуваше класот.
4. Група ученици што заедно посетуваат таква настава.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Образование
Примери:
Целата гимназија по класови е построена во дворот.
Пред четири години бев со класот на море.
5. Училница во средно училиште.
Англиски: classroom Албански: klasë, mësojtore
Употреба: Образование
Примери:
Тогаш бевте добри пријатели, седевте во една клупа во класот.