а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

квота

мн. квоти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 15835
1. Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто.
Англиски: quota Албански: kuotë
Употреба: Економија
Примери:
Cе зголеми квотата за извоз на јаболка.
2. Сразмерен дел, удел што припаѓа некому при делба.
Англиски: quota Албански: kuotë
Примери:
Тие ја добија договорената квота при поделбата на акциите.
3. Количина на вложен труд, потрошен за определено утврдено време.
Англиски: quota Албански: kuotë
Употреба: Економија
Примери:
Работникот мора да ја зголеми квотата на производство.
4. Однапред утврден, ограничен број на нешто воопшто.
Англиски: quota Албански: kuotë
Употреба: Административен термин
Примери:
При уписот на факултет тој влезе во државната квота.