а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капетан

мн. капетани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2240
1. Највисокиот чин на нижите офицери во војска.
Англиски: captain Албански: kapiten
Употреба: Воен термин
Примери:
војнички капетан
резервен капетан
2. заповедник на брод
Англиски: captain Албански: kapiten
Употреба: Транспорт
Примери:
Четворица морнари, меѓу кои и брадестиот капетан, довеслаа на брегот.
3. старешина, водач воопшто
Англиски: captain Албански: kapiten
4. Управник, старешина на град или на територијална единица.
Англиски: captain Албански: kapiten
Употреба: Историја
Примери:
А утредента веќе дервенскиот капетан му ги прати на везирот конзулските документи.
Изведенки
1. капетански прид.
капетанскиот
Пример: капетански чин
2. капетанка ж.
мн. капетанки
Пример: капетанка на брод