а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

канџа

мн. канџи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5246
1. Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети.
Англиски: hook Турски: kanca Албански: kthetër
2. Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто.
Англиски: claw Албански: kthetër
Употреба: Зоологија
Примери:
Од другата страна на вратата слушнав како гребеа канџите на птицата.
Мечката го зграпчи со канџите.
Ноктите на нозете му беа како орлови канџи.
3. Несреќа, лице или ситуација од која тешко може да се ослободи, да се откачи.
Англиски: grip Албански: kthetër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сепак, не можеше да се ослободи од канџите на човекот што cилно ја стегаа.
Вклештен во канџите на ненадејната несреќа, седеше стегнат во грч.
4. Резе на врата во вид на канџа, кука.
Англиски: hook Албански: çengel
Примери:
Се поврати да ја стави железната канџа на вратата.
Тоа утро канџите од портата сѐ уште не беа дигнати.
Изрази
Е (падне) во нечии канџи - е под нечија немилосрдна власт.