а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

камен

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 368
1. Тврд минерал што се наоѓа во внатрешноста или по површината на Земјината кора.
Англиски: stone Албански: gur
Употреба: Минералогија
Примери:
Вулканот исфрлаше лава и вжештени камења.
2. Одделна карпа или откршен дел од таква маса, помал или поголем, во природна форма или обликуван според потребата.
Англиски: rock Албански: gur
Употреба: Геологија
Примери:
Сенароден и национален мислител, словенска душа, израснат од камењата.
Тој се сопна на еден камен.
Седиште од камен.
На гол камен се сончаше смок.
3. Градежен материјал од таков минерал.
Англиски: stone Албански: gur
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Куќа од камен.
4. Цврст талог во некои внатрешни органи кај човекот.
Англиски: stone Албански: gur
Употреба: Медицина
Примери:
камен во бубрег, камен во жолчка
5. пари
Англиски: dough Албански: para
Употреба: Разговорно
Изрази
Воденички камен - мелнички камен, камено тркало со кое се меле.
Граничен камен - камен или камен столб што ја означува границата.
(хем.) Син (модар) камен - бакарен сулфат, кој измешан со гасена вар во раствор од вода се користи за прскање винова лоза.
Варџиски камен - варовник.
Скапоцен камен (бесценет камен) - ретки минерали што се одликуваат со голема тврдост, со убава боја и сјај, со голема вредност, се употребуваат како накит.
Камен-темелник - Првиот поставен камен на некаква градба.
Камен-темелник - Најважен дел од нешто, основа, темел на нешто.
Камен на мудроста - Средство со кое старите алхемичари се обидувале да ги претворат неметалите и простите метали во сребро и злато и да ја откријат тајната за настанувањето на животот.
(прен.) Камен на мудроста - метод за решавање на проблеми, на тешки ситуации.
Пробен камен - начин или постапка врз чија основа можат да се оценат или откријат својствата на некого или нешто.
Фрла дрва и камења (по некого) - клевети, осудува некого.
Бара под дрво и под камен - бара насекаде.
Камен на камен не остана - сѐ е урнато.
Како на камен да зборува - зборува напразно.
Камен ми (ти, му...) тежи на срце (душа) - имам голема грижа, мака.
Ми (ти, му...) падне камен од срце (душа). Симне камен од врат - ми (ти, му...) олесни, се ослободи од грижа.
Со свој камен по своја глава - сам се доведува во незгода.
Пука дрво и камен - многу е ладно, стегне голем студ.
Камен на сопнување - главна тешкотија за оcтварување нешто.
Забен камен - стврдната материја на забите.
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб - cпоред Библијата, на злото врати со добро.
(посл.) Два камена лути не мелат брашно.
(поcл.) Каменот на местото си тежи - секој човек вреди на своето место.
Изведенки
1. каменче ср.
мн. каменчиња
дем.
2. камче ср.
мн. камчиња
дем.