а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

календар

мн. календари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6954
1. Систем од правила за сметање на времето, за делење на времето на временски единици (денови, недели, месеци, години); систем по кој се пресметуваат деновите и временските единици поголеми од ден.
Англиски: calendar Албански: kalendar
Примери:
Грегоријански календар
Јулијански календар
2. Книга или лист со табела во која се распоредени деновите, неделите и месеците во годината, понекогаш cо означени верски или државни празници, астрономски појави и др.
Англиски: calendar Албански: kalendar
Примери:
ѕиден календар
3. Книга, бележник со датуми што служи како потсетник за работните обврски врзани со рок.
Англиски: appointments book Албански: kalendar
4. Годишна публикација со податоци за тековната календарска година со информативен, поучен или забавен карактер, со различна намена.
Англиски: almanac Албански: almanak, kalendar
Примери:
земјоделски календар
иселенички календар
Изрази
Стар (православен) календар - јулијански календар (според Јулиј Цезар), кој во однос на грегоријанскиот, сега заостанува 13 дена.
Нов (католички) календар - грегоријански календар (според папата Грегориј XIII по извршената реформа на јулијанскиот календар.
Црковен (верски) календар - календар cо cите црковни празници во една календарска година.
Вечен календар - календар направен за пресметување познати датуми и подвижни празници во текот на низа години, често cо претскажување одделни настани и појави и др. празноверија.
Изведенки
1. календарче ср.
мн. календарчиња
дем.
2. календарски прид.
календарскиот
Пример: календарска година, календарски имиња