а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искара

искараат; искарал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6417
1. Скара некого со забележливо позасилена лутина.
Англиски: scold Албански: qortoj
Примери:
Дедото ги искара внуците.
2. Направи да се искара некој, да ги расипе односите со повеќемина пријатели, другари, познати.
Албански: hidhëroj
Примери:
Таа прво го искара него со најдобрите другари, а потоа и самата го напушти.
3. испцуе
Англиски: curse Албански: shaj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Сѐ му искара, и мајка и вера, сѐ.
4. (се искара) Расипе, прекине односи со повеќемина или прекинат односи повеќемина меѓу себе.
Англиски: quarrel Албански: hidhërohem, zihem
Примери:
Се искара со мајка си поради пиењето.
Тие се искараа сите еден со друг и го растурија друштвото.
Изведенки
1. искарува несв.
(се) искаруваат
Пример: А и Господ е себичен, што не те искарува, штом не те поучува, туку те остава така сам.
2. искарување ср.
глаг. им.