а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

израмни

израмнат; израмнил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8466
1. Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто.
Англиски: flatten Албански: barazoj
Примери:
Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи.
Градежното претпријатие со булдожер го израмни теренот.
2. Доведе, натокми едно нешто со друго нешто во иста висина.
Англиски: straighten Албански: drejton
Примери:
Соседот ја израмни живата ограда со столбовите на надворешната врата и ја одржуваше постојано на таа висина.
3. Доведе на иста линија две или повеќе (мноштво) нешта.
Англиски: straighten Албански: drejton
Примери:
Тркачите ги израмнија коњите на стартот и го чекаа сигналот.
4. Изедначи, направи да биде еднакво во некое својство - димензија, вредност, количество и сл.
Англиски: balance Албански: barazoj
Примери:
Селанецот ја израмни тежината на компирите во вреќата со тежината на насечените дрва и така го товари магарето: од едната страна вреќа со компири, од другата дрва за огрев.
Прекупецот ја израмни цената на компирите со таа на јаболката.
5. изедначи
Англиски: equalize Албански: barazoj
Употреба: Спорт
Примери:
Пред крајот на играта со „Брегалница“, нашиот тим го израмни резултатот.
6. Регулира парични обврски - подмири.
Англиски: settle Албански: rregullon
Примери:
Тој го израмни дефицитот пред доаѓањето на комисијата со една поголема меница.
7. Доведе во склад, во соодветен однос.
Албански: përshtat
Примери:
Кога стигнаа на плоштадот сите ученици на дувачкиот оркестар ги израмнија чекорите.
8. (се израмни) Стане рамен, без нерамнини, стане прав.
Англиски: flatten Албански: barazoj
Примери:
Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија.
9. (се израмни) Се доведе едно нешто со друго нешто, се натокми во иста рамнина (во ред).
Англиски: straighten Албански: barazoj
Примери:
Јас се израмнив со првите во поворката и го држев потоа нивниот чекор.
Пред мостот камионите се израмнија со тенковите.
10. (се израмни) Предмет, почва се доведат, се натокмат во иста рамнина.
Албански: barazoj
Примери:
Од големите води патиштата се израмнија со нивјето.
11. (се израмни) Две или повеќе нешта се доведат, натокмат во иста рамнина (ред), едно со друго.
Албански: barazoj
Примери:
Двете колони / нашата и нивната колона се израмнија (една со друга).
12. (се израмни) Едно лице се изедначи со друго во некое својство, димензија.
Англиски: equal Албански: barazoj
Примери:
Поголемиот син се израмни во висината и во дебелината со татка си.
13. (се израмни) Повеќе нешта станат еднакви, се изедначат.
Англиски: equal Албански: barazoj
Примери:
Синот и таткото се израмнија во висината и дебелината.
Во правото на глас, жените и мажите се израмнија.
Изведенки
1. израмнува несв.
израмнуваат
2. израмнување ср.
глаг. им.