а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извива

извиваат; извивал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5327
1. За пат, река - прави кривина, врти од правецот на протегање.
Англиски: bend Албански: lakoj
Употреба: Географија
Примери:
Патот извива покрај свиокот на реката.
Колоната извива како змија над селото.
2. За глас, мелодија - прави извивки, варирање на тонската линија.
Англиски: vary Албански: ndryshoj tonin
Употреба: Музика и танц
Примери:
Извива со гајдата.
Зурлите извиваат некаква дива планинска песна.
3. За нешто што може да прави извиви.
Англиски: wriggle Албански: përdredh
Примери:
Димот извива од оџаците.
Танчерките занесно ги извиваат своите тела.
Ветрот ги извиви грмушките крај патот.
4. (се извива) Постојано го менува правецот.
Англиски: wind Албански: ndryshon
Примери:
Патот се извива како змија нагоре кон селото.
5. (се извива) За глас, мелодија - пее колоратура.
Англиски: vary Албански: ndryshon
Употреба: Музика и танц
6. (се извива) За човек - се витка.
Англиски: wriggle Албански: përdredh
Примери:
Играорката се извива по тактот на музиката.
7. (се извива) За пламен, дим - често менува правец.
Англиски: meander Албански: ndryshon
Примери:
Пламените јазици се извиваа нагоре кон небото.
8. (се извива) За растение - се искриви.
Англиски: bend Албански: përdredh
Примери:
Гранките на сливата се извиваа до земја од силниот ветер.
Изведенки
извивање ср.
глаг. им.