а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затрча

затрчаат; затрчал; затрчан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8068
1. Почне да трча.
Англиски: start running Албански: vrapon
Примери:
Децата слегоа од автобусите и затрчаа по полјаните.
Постар човек затрча малку по автобусот, но се откажа.
2. (се затрча) Се засили; почне силно да трча.
Англиски: haste Албански: nxiton
Примери:
Едно дете се затрча по удолницата, за малку не падна.
Кучето се затрча кон детето, но кога го стаса, се смири и престана да лае.
3. (се затрча) Избрза, се истрча, направи нешто без добро да размисли, да процени.
Англиски: rush Албански: ngutem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се затрча по пари, не размисли што може да се случи.
Се затрча и влезе во валкан бизнис.
Изведенки
1. затрчува несв.
(се) затрчуваат
2. затрчување ср.
глаг. им.