а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зароби

заробат; заробил; заробен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3589
1. Фати жив непријател (во војна).
Англиски: captivate Албански: robëroj
Употреба: Воен термин
Примери:
Тој зароби двајца непријателски војници.
2. Освои, завладее, заплени (територија, народ, материјални блага).
Англиски: conquer Албански: zaptoj, pushtoj
Употреба: Преносно значење
3. Потчини наполно, изгуби слобода поради некого или нешто.
Англиски: enslave Албански: skllavëroj
Примери:
Неговата болест сосема ме зароби.
Ги заробил децата да му работат по цел ден.
4. (се зароби) Се претвори во роб, поради нешто се лиши од сѐ друго.
Англиски: enslave Албански: skllavëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако отвори продавница, се зароби.
Не сакаше да остане в село и да се зароби.
Изведенки
1. заробува несв.
(се) заробуваат
2. заробување ср.
глаг. им.