а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зареди

заредат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11872
1. Почне да реди, да става нешто едно по или до друго.
Англиски: stack Албански: rreshtoj
Примери:
Покрај масата заредија шишиња со ракија.
2. Почне да врши едноподруго со ред едно и исто дејство.
Албански: rreshtoj
Примери:
Жените заредија да ги даруваат светците во црквата.
Тој ги зареди ударите.
3. Почне да реди, да плаче над умрен.
Англиски: lament Албански: vajtoj
Примери:
Таа се фати за главата и зареди со тажен глас.
4. Почне да посетува, да оди од еден до друг.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Примери:
Заредија од куќа на куќа да ги собираат парите.
Тој ги зареди сите села.
5. Почне да прикажува, да набројува.
Англиски: count Албански: numëroj
Примери:
Ги зареди сите светци што ги знаеше.
6. (се зареди) Почне да се реди, да се јавува едно по друго.
Албански: rreshtoj
Примери:
Од тој ден се заредија несреќите во таа куќа.
Понекогаш ќе се заредеше цела низа од пукоти.
Се заредија адетите.
Изведенки
1. заредува несв.
(се) заредуваат
2. заредување ср.
глаг. им.