а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

започне

започнат; започни, започнете; започнав, започна, започнаа; започнал; започнат; започнев, започнеа; започнел; започнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 494
1. Почне да прави нешто.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Таа започна да се смее.
Некои жени започнаа да плачат.
Тој започна да бега.
2. Почне некакво дејство, некаква акција.
Англиски: start Албански: filloj
Примери:
Не знаеше како да го започне разговорот.
Попот ја започна венчавката.
Така започнало нивното пријателство.
3. (само во 3. л.) Почне да се одвива некое дејство, чин, акција.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Зимата штотуку започна.
Водата започна да врие.
На полјаната беше започнала голема веселба.
4. Фати, почне да троши, да употребува нешто.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Минатиот месец ја започнавме вреќата со компири и веќе ја потрошивме.
5. (се започне) почне
Англиски: begin Албански: filloj
Употреба: Ретко
Примери:
Во публиката се започна тивок разговор.