а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залепи

залепат; залепил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2749
1. Спои, состави нешто со лепење.
Англиски: bond Албански: ngjis
Примери:
Таа ги залепи сликите во албумот.
Тој фати светулка и со рака ја залепи на челото.
2. Сосема приближи, допре дел од телото до некого или до нешто.
Англиски: stick Албански: ngjis, prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето го залепи лицето на стаклото.
3. Ми (ти, му...) залепи, удри шлаканица некому.
Англиски: slap Албански: ngjis, rras
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му залепи шлаканица на детето.
4. (се залепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Англиски: stick Албански: ngjis, bashkoj
Примери:
Калта се залепи за тркалата на колата.
Неколку пијавици му се залепиле за нозете.
5. (се залепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Англиски: glue Албански: ngjis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се залепи до ѕидот од куќата.
Шамијата ѝ се залепила за косата.
Изрази
Плукни залепи - направи нешто како било, набрзина.
Изведенки
1. залепува несв.
(се) залепуваат
2. залепување ср.
глаг. им.