а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закотви

закотват; закотвил; закотвен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14178
1. Спушти котва од пловен објект на дното во водата, запре на едно место со помош на котва.
Англиски: anchor Албански: lëshoj spirancë, ankoroj
Примери:
Една недела бродот беше закотвен во водата.
2. Се закотви, се задржи на едно место со фрлање котва.
Англиски: anchor Албански: ankoroj
Примери:
Неколку бродови се закотвија во пристаништето.
Изведенки
1. закотвува несв.
(се) закотвуваат
2. закотвување ср.
глаг. им.