а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зазема

заземаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6449
1. Почне да зема нешто.
Англиски: take Албански: marr
Примери:
Без да праша, зазема од поставените јадења.
2. Завладее, освои нешто (територија, град) со војна, со борба.
Англиски: conquer Албански: pushtoj
Примери:
Борците на јуриш го заземаат селото.
Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.
3. Насели определена територија; зафати определен простор, место.
Англиски: settle Албански: marr, zë
Примери:
Куќата го зазема најголемиот дел од дворот.
Тој се довлечкуваше под дрвото и си го заземаше своето старо место.
Гледачите сѐ уште не планираа да ги заземат своите места.
4. Дојде на определено работно место, должност, функција.
Англиски: occupy Албански: zë, marr
Примери:
Стариот бег умре и тој требаше да го заземе неговото место.
Се подготвуваше да го заземе своето место на управник.
5. Се најде, зафати определена положба, место во некаков хиерархиски ред.
Англиски: place Албански: vendos, zë
Примери:
Живата уште од најраните времиња заземала важно место меѓу металите.
Екипата на Вардар го заземаше првото место на табелата.
6. (се зазема) Се загрижи, се застапи за некого или за нешто.
Англиски: champion Албански: përkrah
Примери:
Тој постојано се заземал за него и го спасувал од прогонство.
Владата ќе се заземе за ратификување на договорот.
Изведенки
заземање ср.
глаг. им.