а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заборав

(едн.) заборавот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2561
Состојба на губење, на престанување на паметењето, на сеќавањето за некого или за нешто.
Англиски: oblivion
Примери:
Времето донесува заборав.
Тој зачувал од заборавот голем број песни и приказни.
Изрази
Извлече од заборав - го оживее сеќавањето на некого или на нешто, не допушта да биде заборавен.
Фрли во заборав - заборави некого или нешто.
Фрли во заборав - прости нешто непријатно, како да не се случило.
Падне во заборав - заборавен е, не се памети повеќе.