а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жесток

жестоки
Вид збор: Придавка
Ранг: 2717
1. Што е суров, безмилосен, бездушен, нечовечен.
Англиски: fierce
Примери:
Тој е жесток човек.
Жесток непријател.
2. Што е многу силен, што се пројавува со некое силно изразено својство.
Англиски: fierce
Примери:
Жестока постапка.
Жестока расправија.
Жесток удар.
Жестока брзина.
Жестоко темпо.
Изрази
Жесток пијалак - пијалак со висок процент на алкохол.
Изведенки
1. жестоко прил.
Особина на тој што е жесток и својство на тоа што е жестоко.
Пример: Тие жестоко се расправаа.
2. жестокост ж.