а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ете

Вид збор: Честичка
Ранг: 314
1. За посочување нешто што е блиску до соговорникот.
Англиски: there
Примери:
Ете ги очилата до тебе.
2. За посочување или за покажување на нешто што е видено, забележано каде и да било.
Англиски: look
Примери:
Ете, штрковите се вратија.
3. За потцртување на тоа за што се зборувало или што се констатира.
Англиски: see
Примери:
Ете зошто не се согласивме.
Ете каде била книгата.
Ете, сите си отишле.