а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

единица

мн. единици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 918
1. Бројка со која се бележи природниот број еден.
Англиски: one Албански: njësh
2. Последната цифра во повеќецифрените броеви, класа на единици.
Албански: njëshe
Употреба: Математика
3. Најниска, слаба оценка во образованието.
Албански: njësh, e dobët
Употреба: Образование
4. Тој или таа што е означено со бројката еден (играч во спортот натпреварувач, превозно средство, просторија).
Албански: njëshi, i pari
5. Големина, мерка според која се мерат други големини (за тежина, должина итн.)
Англиски: unit Албански: njësi
Употреба: Физика
6. Дел од некаква целина, изделен поради посебноста на делокругот на дејноста, неговите специфични задачи, цели и сл.
Англиски: unit Албански: njësi
Употреба: Административен термин
Примери:
воена единица
пешадиски единици
противпожарна единица
производствена единица
7. Определен составен дел, елемент од некој систем, множество, збир.
Англиски: unit Албански: njësi
Примери:
јазична единица
методска единица
речничка единица
библиографска единица
8. единствена ќерка
Англиски: only daughter Албански: e vetme, hasreti
Примери:
Синоќа ја свршив ќерка ми, мојата единица.