а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доста

Вид збор: Прилог
Ранг: 583
1. Толку колку што е потребно.
Англиски: enough Албански: mjaft
Примери:
Во сандакот имаше доста храна за сите.
Ако можеш да разбереш, доста ти се и овие зборови.
2. Во големо количество, во голем број.
Англиски: plenty Албански: mjaft
Примери:
Доста изгинавме на едната и на другата страна.
Познати ни се доста ракописи со црковни слова.
Се исплаши и доста време не можеше ниту збор да каже.
3. За означување определен степен на некаква особина, својство, процес; во поизразена мера.
Англиски: pritty much Албански: mjaft
Примери:
Жената беше доста висока.
Татко му имаше доста добар имот на село.
Доста мрзливо го продолживме патот.
4. Како извик - за изразување барање да престане нешто што се прави.
Англиски: enough Албански: mjaft
Примери:
Доста сме биле робови.
Доста беше криење.
Доста ми е од тебе!
Доста веќе, не можам да те слушам.
Доста со тие глупости.