а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доволен

доволни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2514
1. Што е во онаа мера колку што е потребно.
Англиски: sufficient
Примери:
Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.
Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне.
Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат.
Јас не сметав дека таа казна му е доволно.
2. Исполнет со задоволство.
Англиски: satisfactory
Употреба: Архаизам
Примери:
Се чувствуваше доволен од работата што ја заврши.
3. Најниска, преодна оценка во основното и средното образование.
Англиски: satisfactory
Употреба: Образование
Примери:
Голем број писмени задачи беа оценети со доволен.
Изведенки
доволство ср.
мн. доволства
(ретко) задоволство