а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добар

добри
Вид збор: Придавка
Ранг: 283
1. Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите.
Англиски: good Српски: добар Албански: mirë Бугарски: добър Грчки: καλός
Примери:
Нема подобар учител од него.
Тој беше добар човек и добар татко.
Тие беа добри деца.
2. Што е карактеристичен за човек со благ карактер.
Англиски: meek Албански: i mirë
Примери:
Тој има добра душа и добро срце.
3. Што има позитивни особини, што е пожелен.
Англиски: good Албански: i mirë
Примери:
добра идеја
добра намера
добро решение
Тој ни донесе добри вести.
Тој му остави добар впечаток.
Дождот е добар за посевите.
Тој имаше добар вид.
4. За семејство, род - чесен, почитуван.
Англиски: decent Албански: i ndershëm
Примери:
По облеката и држењето изгледаше како човек од добар род.
Таа е од многу добра фамилија.
5. Што одговара по своите особини на одредени барања или намена.
Англиски: accepted Албански: i pranuar
Примери:
Јас сум добар мајстор.
Ручекот беше изобилен и добар.
Тие правеа само бело вино зашто тоа е најдобро вино.
Твојава земја е добра за компири.
Велат дека таа тревка е добра за болното уво.
6. Што соодветствува на барањата, на нормите во општеството.
Англиски: good Албански: i mirë
Примери:
добри односи
добро воспитание
добар прием
7. Што е близок, верен некому.
Англиски: close Албански: i afërt
Примери:
Тие беа добри пријатели.
8. За пари, печалба, приход - што е доволно голем, со значителен обем.
Англиски: good Албански: i mirë
Примери:
Би можел да заработиш добри пари.
Тие имаат добри плати.
Овие трговци располагаат со добри парички.
9. Што е во голем број или количество; што е во полна мера.
Англиски: great deal Албански: shumë më
Примери:
Во таа соба тој помина еден добар дел од својата младост.
Уште еден добар дел од минутата се двоумеше дали да го стори тоа.
Во училиштето собра доста добар број деца.
10. Средна оценка во училиште.
Англиски: good Албански: mirë
Употреба: Образование
Примери:
Тие поминаа со добар и многу добар успех.
Изрази
Добар ден - поздрав.
Добар пат - поздрав.
Бидете со добра мисла - поздрав.
Гледа со добро око - има убаво мислење за некого или нешто.
Добра волја - желба, намера да се направи нешто убаво за некого.
Добар глас (име) - има авторитет, ценет е во општеството, меѓу пријателите.
Добриот глас далеку се слуша.
Изведенки
1. добричок прид.
мн. добричкиот
дем.
2. доброто ср.
Пример: доброто во човекот