а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дно

мн. дна
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1301
1. Долниот дел од некој сад, долната површина од некој предмет.
Англиски: bottom Албански: fund, bazë
Примери:
На главата носеше тркалезен дрвен сад со рамно дно.
2. Долниот дел од некаква вдлабнатина, долина, котлина на земјената површина.
Англиски: bottom Албански: fund, bazë
Примери:
Во дното на долот си игра бистрата вода.
3. Тврда земјена површина, тло на кое лежи водената маса на морето, езерото, реката и сл.
Англиски: bottom Албански: fund
Примери:
Речно дно.
Морско дно.
4. Крај, завршок на нешто.
Англиски: end Албански: fund, mbarim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Остана некаде при дното на табелата.
Тогаш се слушна од дното на хоризонтот еден друг глас.
Изрази
Од дното на душата (мрази) - многу силно, до крајни граници.
Во дното на душата (срцето) - длабоко во себе, потајно.
Стигне до дното - пропадне економски или морално.
Од дното на душата - искрено.