а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

длабочина

мн. длабочини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1522
1. Растојанието од површината, од врвот на нешто до дното или до некоја точка надолу.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Морска длабочина.
2. Простор, пространство што се наоѓа на голема оддалеченост од површината.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Се сретнувал со нив во длабочините на водата и знае дека тие се погодни за пливање.
3. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Гледаше во длабочината на дворот чекајќи важен гостин или настан.
4. Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Природно беше што не ја сфатив длабочината на нивната љубов.
Длабочината на знаењата претпоставува ученикот да знае факти.
Изведенки
длабочински прид.
длабочинскиот