а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дама

мн. дами
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3258
1. Жена што му припаѓа на повисокиот општествен слој, отмена жена што внимава на својот изглед.
Англиски: lady Албански: zonjë
Примери:
уважена дама
отмена дама
дворска дама
прва дама
2. Женско лице во однос на кавалерот во некои ситуации (танц).
Англиски: lady Албански: zonjë
Примери:
Седна до една дама и до нејзиниот сопруг.
Како сте, дами?
Ја опиша својата дама.
3. Трета по јачина карта за играње.
Англиски: queen Албански: mbretëreshë, damë
Примери:
дама пик
Ставив сѐ на пиковата дама и фатална карта изиграв во мракот.
4. Фигура во шахот со најголеми можности на движење.
Англиски: queen Албански: mbretëreshë
Примери:
Белата дама го нападна црниот крал.
5. Игра со камчиња или со тркалезни плочки на штица.
Англиски: checkers Албански: damë
Примери:
Седна да ја продолжи дамата на каменот.
Ако не легнеш, ќе одиш да играш дама.
Врз дрвото се издлабени квадратните линии на дамата.