а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врат

мн. вратови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 899
1. Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот.
Англиски: neck Српски: врат Албански: qafë Бугарски: врат
Употреба: Анатомија
Примери:
Таа си играше со свирчето што и висеше на вратот.
Гуските ги издолжуваа вратовите.
2. Стеснет дел на некој предмет (на стомна, на виолина), обично што може да се префати со рака.
Англиски: neck Албански: qafë. grykë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вазна со долг врат.
Изрази
(посл.) На волкот му е дебел вратот зашто сам си ја врши работата.
Ме (те, го...) зеде на врат - го упропасти, го вовлече во неволја.
Ми (ти, му...) седи на врат - го контролира, надгледува.
Ми (ти, му...) се симна некој (нешто) од вратот - престана да се грижи за некого или за нешто.
На врат на нос - набрзина, како било.
Крши врат(от) - замина, отиде некаде.
Не по врат, по шија - тоа е едно исто.
Изведенки
вратче ср.
мн. вратчиња
хип. и дем.
Израз: Ќе ти го скинам вратчето како на врапче - закана.