а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

волк

мн. волци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1244
1. Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница.
Латински: Саnis Iupus Англиски: wolf Албански: ujk
Употреба: Зоологија
Примери:
уловен волк
Завиваа волци.
глутница волци
2. Искусен во својата професија (борец, морнар, мајстор).
Англиски: wolf Албански: ujk i vjetër, mjeshtër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стар волк е тој.
Изрази
Морски волк - искусен морнар.
Стар волк - искусен човек.
Волк во јагнешка кожа - злобник, лицемер што се крие под маската на доброто однесување.
Ние за волкот зборуваме, а волкот на врата - се вели за некој што ќе дојде токму во моментот кога се зборува за него.
И волкот сит и овците на број - се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни.
Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува - се вели за некој што не го менува својот карактер (обично лош).
Изведенки
1. волчица ж.
мн. волчици
2. волче ср.
мн. волчиња
дем.
3. волчиште ср.
мн. волчишта
аугм.