а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

влезе

влезат; влезам, влези, влезете; влегов, влегол, влегоа; влегло, влегла; влегле; влезев, влезеа; влезел; влезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 189
1. Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор.
Англиски: come in Албански: hyj
Примери:
Марко влезе во собата на директорот.
Во тој момент змијата влегуваше во дупката.
Возот со пиштење влезе во станицата.
2. Стапи, се вклучи во некаква средина.
Англиски: join Албански: bashkohet
Примери:
Влезе во организацијата на занаетчиите.
Влезе во партија.
Влезе во редакцијата на списанието.
Влезе во управниот одбор.
3. Заземе определено место, општествена позиција итн.
Англиски: enter Албански: hyrje
Примери:
Влезе во историјата.
Тој настан влегол во преданијата.
4. Смести нешто на или во определен простор.
Англиски: accommodate Албански: akomoduar
Примери:
Креветот едвај влезе во сопчето.
5. Се вклучи како дел во составот на нешто.
Англиски: enter Албански: hyrje
Примери:
Овој расказ не влезе во книгата.
6. Започне одредено животно доба, определена година од животот.
Англиски: enter Албански: hyrje
Примери:
Влезе во пубертет.
Влезе во шеснаесеттата година од животот.
7. Заземе, освои населено место, објект, територија.
Англиски: conquer Албански: pushtuar
Примери:
Партизаните влегоа во селото.
8. Во спортот - заземе определен пласман, место во некое рангирање.
Англиски: take place Албански: zë vend
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата екипа влезе во финалето.
9. Во повеќе изрази со значење почне некое дејство.
Англиски: start Албански: fillim
Примери:
Влезе на работа.
Влезе во мода.
Влезе во борба.
Влезе во употреба.
10. (Со кратка заменска форма ми, ти, му..) Навлезе нешто некому.
Англиски: stick Албански: ngjit
Примери:
Му влезе спица под ноктот.
Му влегла раска во окото.
Изрази
Му влезе студ во коските - измрзне.
Му влезе страв во коските - многу се исплаши.
Влезе зло во некого - се излоши.
Влезе ѓаволот во некого - стане лош.
Му влезе во главата/умот - намисли.
Влези - излези - постојано влегува и излегува.
Му влезе некому под кожа - направи некој да го засака некого, стане многу близок со некого и почне тој однос да го искористува, да го злоупотребува.
Од едно уво влегло од/ низ друго излегло - не обрнува внимание на кажаното, не сака да послуша.
Му влегле бубачки/ бумбари во главата - се однесува чудно, невообичаено.